Војна во Украина: НАТО вети дека ќе обезбеди повеќе оружје и ќе ја поправи електричната мрежа

НАТО вети дека ќе и даде повеќе оружје на Украина и дека ќе помогне да се поправи критичната енергетска инфраструктура која е тешко оштетена од масивни руски ракетни и беспилотни напади.

На самитот во Букурешт, генералниот секретар на воената алијанса, Јенс Столтенберг, ја обвини Москва дека „се обидува да ја искористи зимата како воено оружје“.

Руските напади оставија милиони Украинци без струја и проточна вода на ниски температури, пренесува „Би-би-си“.

Украина со месеци бара од НАТО понапредни системи за противвоздушна одбрана.

Според Женевските конвенции, нападите врз цивили или инфраструктурата од витално значење за нивниот опстанок, може да се толкуваат како воено злосторство.

29.11.2022 - 22:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега