Воен авион на француските Воздухопловни и вселенски сили денеска принудно слетал на автопатот 113 во близина на Салон де Прованс, по што се запалил. Двете лица кои се наоѓале во авионот се полесно повредени.
Инцидентот се случил околу 9:45 часот, кога авионот, кој се користи за обука на пилоти, морал принудно да слета на автопатот. Авионот полетал од воената база 701 во Салон де Прованс, пренесува „Фигаро“.
Во него се наоѓале инструктор и пилот на обука, кои се здобиле со полесни повреди.
По принудното слетување, авионот се запалил, а на местото интервенирале надлежните служби.


