Американскиот претседател Доналд Трамп во понеделникот му се закани на Оман со напад доколку земјата се вмеша во напорите на САД во Ормускиот Теснец, додека продолжува конфликтот со Иран и истекува 60-дневниот рок за мировни преговори меѓу Вашингтон и Техеран.
„Ако Оман ни се испречи на патот, ќе го бомбардираме до целосно уништување“, изјави Трамп во интервју за Треј Јингст од „Фокс њуз“.
Коментарите на американскиот претседател уследија откако во понеделникот истече 60-дневниот рок за мировните преговори меѓу САД и Иран, договорен во јуни, без да биде објавен конкретен план за ставање крај на војната.
Во меѓувреме, Иран соопшти дека разговорите со Оман во врска со Ормускиот Теснец се сложени, но дека продолжуваат.
Ова не е првпат Трамп да му се заканува на Оман, кој е сојузник на САД. На седница на кабинетот во мај, американскиот претседател изјави дека „Оман ќе се однесува исто како и сите други, во спротивно ќе мора да ги разнесеме“.
Во интервјуто за „Фокс њуз“, Трамп потврдил и дека неговата администрација воспоставила директен канал за комуникација со Исламската револуционерна гарда на Иран. Сепак, тој нагласил дека не брза да постигне договор.
„Тие се добри покераши, но се во критична состојба“, изјави Трамп.
„Немам рок. Не брзам“, додал тој.


