Водата што ја пијат скопјани е безбедна

Водата што ја пијат скопјани е со добар квалитет, покажуваат податоците на Јавното претпријатие „Водовод и канализација“.

-Секторот за санитарна контрола во периодот од 22 до 26 јануари зеде 185 примероци за физичко-хемиска и 185 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 41 мерни места во градот Скопје. Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење - Службен весник на РМ, бр.183/18, пишува во соопштението од ЈП „Водовод и канализација“ - Скопје.

29.01.2024 - 13:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега