ВО ЖИВО: Српската полиција ги растргна демонстрантите од пред Парламентот, но сѐ уште се слушаат шок бомби

Српската полиција ги растргна демонстрантите од пред Парламентот, но сѐ уште се слушаат шок бомби

Припадниците на српските безбедносни сили ги растргнаа демонстрантите од пред зградата на Парламентот. Тие во формација ја штитат зградата, но фрлаат солзавец и шок бомби кон демонстрантите.

Тие бараат од полицајците да ги фрлат заштитните шлемови и да им се придружат на протестот. По неколку фрлени шок бомби помала група демонстранти се врати кај полициските службеници за да им дадат аплауз.

Пред зградата на Парламентот пред малку избувна и пожар, а безбедносните сили ги растргнуваат демонстрантите.

08.07.2020 - 00:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега