ВО ЖИВО: Предизборен митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Битола
Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ вечерва одржува предизборен митинг во Битола каде пред граѓаните се претставуваат кандидатите за градоначалник Тони Коњановски и за советници.
Кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ Коњановски истакна дека одлучил да влезе во борба за Битола, но оти за тоа му треба поддршка од граѓаните. Во неговиот фокус, како што посочи, се најгорливите прашања – повеќе инвестиции за Битола и нови работни места пред се преку развој на индустриската зона Жабени, топлификација и гасификација на градот. Коњановски изнесе детали од неговата програма за овие избори.
Во моментот се обраќа и претседателот на опозициската партија Христијан Мицкоски.
Претходно денеска коалицијата „За обнова на Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ имаше митинзи и средби со граѓаните во Демир Хисар, Могила и Новаци.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа