Во Македонија моментално се активни околу 80.000 компании, а забележлив е трендот на намалување на употребата на хартија во деловното работење, информираше денеска директорката на Централниот регистар, Анита Стамнова.

Стамнова посочи дека интересот за дигитализација кај бизнис секторот е евидентен, што се потврдува со податокот дека бројот на субјекти кои електронски поднесуваат завршни сметки е зголемен за 40 проценти.

„Имаме зголемување на бројот на отворени, наспроти затворени компании. Евидентен е интересот кај бизнисот за дигитализирано, електронско работење“, потенцираше директорката, одговарајќи на новинарски прашања.

Според неа, се повеќе се намалува тенденцијата на компаниите за работење со документи во традиционална, хартиена форма.

Exit mobile version