Црна вест ја потресе јавноста по трагичниот инцидент што се случи вчера попладне во индустриската зона во општина Петровец. 24-годишниот Ердоган Асанов од Велес го загуби животот додека извршувал работни задачи на објект во изградба.
Според информациите од МВР, несреќата била пријавена во 15:00 часот. Додека младиот работник, вработен во велешката компанија „Феромонт“, работел на изградба на нова фабрика, врз него од висина паднал тежок метален профил.
Смртта била констатирана на самото место од страна на лекар од Итната медицинска помош. По наредба на јавен обвинител, телото е предадено на обдукција за да се утврдат точните причини за фаталниот исход.
