Во Велес ученик и техничко лице имаат Ковид -19 - во самоизолација 20 ученици, две деца од градинка, наставничка и директор

 Еден ученик од ООУ „Блаже Конески“ во Велес, е заразен со Ковид-19, а во самоизолација се 16 негови другарчиња и наставничката. Во останатите училишта и шесте клонови на ЈУ Детска градинка „Димче Мирчев“ нема заразени деца, но 22 во самоизолација. Во моментов во велешките училишта има 20 ученици во самоизолација и две деца од градинка, информира денеска на прес-конференција градоначалникот на Велес, Аце Коцевски.

Од тие 20 ученици во самоизолација, освен 16 од ООУ „Блаже Конески“, се и уште четири ученици од ООУ „Св Кирил и Методиј“.

Меѓу наставниот кадар во велешките училишта и градинката нема заразени, но затоа има заразено едно техничко лице во ООУ „Панко Брашнаров“. Поради тоа во изолација се и двајца наставници од ООУ „Панко Брашнаров“ и по еден во ООУ„Блаже Конески“, гимназијата „Кочо Рацин“ и во ССОУ „Коле Неделковски“. Во самоизолација е и еден директор. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.10.2020 - 15:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа