Во Велес еден новозаболен од Ковид-19 и четворица оздравени

Според Центарот за јавно здравје во Велес во изминатото деноноќие има еден новорегистриран со Ковид-19, а четворица пациенти се излекувани. Моментално во градот активни се 27 лица.

Како што информира за МИА, д-р Весна Неделковска-Николова портпарол на ЈЗУ Општа болница Велес, на лекување во Инфективното одделение при велешата болница денеска 11 пациенти се со позитивен тест на Ковид-19.

– Од ова одделение денеска се испуштени дома четири излекувани пациенти, информира д-р Неделковска-Николова.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

10.06.2020 - 16:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа