Close Menu
Press24
    Најново

    „Се плашиме“ – рече Вучиќ за состојбата на Дачиќ

    27.02.2026 во 12:46

    Мицкоски на средба со еврокомесарот Брунер: Заедничка заложба за посилна стабилност и европски вредности

    27.02.2026 во 12:41

    Кузеска: Театарот со Груби стана „Циркус Медрано“, недостастуваат уште „жолтите комбиња“ и сликата да била комплетна

    27.02.2026 во 12:31
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • „Се плашиме“ – рече Вучиќ за состојбата на Дачиќ
    • Мицкоски на средба со еврокомесарот Брунер: Заедничка заложба за посилна стабилност и европски вредности
    • Кузеска: Театарот со Груби стана „Циркус Медрано“, недостастуваат уште „жолтите комбиња“ и сликата да била комплетна
    • (ФОТО) Сиљановска-Давкова со највисоки државни и воени почести го пречека албанскиот претседател Бајрам Бегај
    • Петрушевски: СДС е во паника од исказите на Груби – дали кланот Заеви го притисна „паник тастерот“
    • (ФОТО) Го наполнил автомобилот до плафон и се обидел да помине граница: Царината на Табановце заплени 4.800 пакувања со никотински кесички
    • Крај на агонијата во март: Четири кинески знаци ќе доживеат пресврт каков што не сонувале
    • Падна лихварка од Струмица: За долг од 2.700 евра барала назад 15.000
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Во уште една земја-членка на НАТО пронајдени остатоци од руски дрон

    Во уште една земја-членка на НАТО пронајдени остатоци од руски дрон

    19.09.2025 во 17:171 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    На плажа во Летонија пронајдени се остатоци од руски дрон „Гербер“, изјави министерот за одбрана Андрис Спрудс, додавајќи оти остатоците не содржат експлозив.

    Премиерката на Летонија, Евика Силина побара од министрите за одбрана и за внатрешни работи заедно со полските колеги да утврдат дали пронајдениот дрон е еден од оние кои минатата недела го нарушија полскиот воздушен простор.

    -Наш приоритет е зајакнување на источната граница, но јасно е дека заштитата на брегот на Балтичкото Море со инсталирање на потребните сензори е подеднакво важна, објави Силина на платформата Икс.

    Дроновите од типот „Гербер“ се дизајнирани како мамки за совладување на украинската воздушна одбрана. Тие се направени од стиропор и иверица, тежат помалку од 20 килограми и имаат дострел до 600 километри. Се претпоставува дека такви дронови го нарушиле полскиот воздушен простор на 10 септември.

    На 14 септември руски дрон го наруши воздушниот простор на Романија. Дронот, според украинскиот претседател Володимир Зеленски, во романскиот простор се задржал 50 минути.

    Руските беспилотни летала од 2022 година постојано навлегуваат во воздушниот простор на НАТО, но до инцидентот на 10 септември, немаше потврдени случаи на соборување на дроновите од одбраната на Алијансата.

    Популарно

    Измените на Законот за пензиското и инвалидското осигурување пред Уставен

    25.02.2026 во 10:01

    Петок е неработен ден за сите граѓани – доаѓа продолжен викенд

    27.02.2026 во 09:37

    Стразбур пресече: Државата ќе му плати 11.000 евра на затвореник тепан во „Идризово“

    27.02.2026 во 10:00

    Трамп едвај го започна говорот, а веќе првиот инцидент: „Црнците не се мајмуни“

    25.02.2026 во 09:51

    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.