Во урбаните средини се вклучуваат дополнителни попишувачи

Државниот завод за статистика соопшти дека во последните три дена од спроведувањето на пописот, пописните активности на терен се одвиваат непречено, а во одредени реиони се зголемува интензитетот.

-Помалите пописни реони  низ државата веќе завршуваат со попишување на населението и се прават последни завршни проверки. Во одредени урбани средини интензитетот на попишување се зголемува, се вклучуваат дополнителни попишувачи за да може да се посети секое домаќинство и никој да не биде пропуштен. Државниот завод за статистика со сиот расположлив потенцијал работи непрекинато и според утврдените рокови  предвидени во Законот за Попис, велат од ДЗС.

28.09.2021 - 15:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега