Во тепачка во Струмица убиено 22-годишно момче и тројца повредени
Момче на 22-годишна возраст вечерва е убиено во Струмица во тепачка меѓу две семејства што се случи во Турското маало на улицата „Бетовенова“, а еден шеснаесетгодишен малолетник е повреден, како и две жени.
Веста ја потврди директорката на струмичката болница, Катерина Кузмановска, која информираше дека момчето било прободено и било донесено мртво во болницата, додека повредените се надвор од животна опасност.
Според портпаролката на СВР Струмица, Александра Трајанова, пријавен e инцидент на улица „Бетовенова“ во Струмица, а полицијата презема мерки за расчистување на случајот.
Од полицијата повеќе информации за настанот најавуваат за утре.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа