Во светот денеска рекорден број новозаразени: СЗО призна дека коронавирусот не може да се искорени

СЗО извести денеска дека во последните 24 часа во светот се забележани рекордно нови 228.102 случаи на зараза од коронавирус.

 

Најголемо зголемување на бројот на заразени има во САД, Бразил, Индија и Јужна Африка. Претходен рекорд беше 212.326 нови случаи и тоа на 4. јуни. Бројот на починати од новиот коронавирус останува околу 5.000 дневно.

Бројот на случаи на ковид-19 во средата надмина 12 милиони според податоците на Ројтерс, а во седум месеци од ширењето на болеста, почина над 555.000 луѓе.

Мајк Рајан, од СЗО програмата за вонредни состојби, рече во петокот дека не е веројатно дека новиот коронавирус ќе се искорени.

„Во сегашната ситуација не е веројатно дека можеме да го искорениме вирусот“, рече тој на конференцијата за медиуми во Женева.

Тој рече дека светот со елиминираање на кластерите на заразата „потенцијално би можел да го избегне најлошото, новите пикови на пандемијата и враќањето назад на карантинските мерки“.

Рајан рече и дека појавата, на честото смртоносно воспаление на белите дробови во Казахстан „сигурно е на нивниот радар“ и додаде дека е можно да се работи за ковид-19.

„Влезната патека на ковид-19 во таа земја сугерира дека многу случаи всушност се недијагностицирани случаи на ковид-19“, оцени тој.

Марија ван Керхове, од СЗО надлежна за пандемијата на ковид-19, рече дека преносот на новиот коронавирус преку воздух секогаш бил причина за загриженсот, но дека изгледа капките се највообичаениот пат на заразата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

10.07.2020 - 23:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега