Во Србија пристигнаа уште половина милион кинески вакцини- досега вкупно три милиони дози од Синофарм

 

Нов контингент од половина милион дози вакцини против коронавирусот на кинескиот производител Синофарм пристигна денес во Србија.

Авионот со вакцините слета на аеродромот „Никола Тесла“ во Белград, а го пречекаа премиерката Ана Брнабиќ и кинескиот амбасадор во Србија Чен Бо.

Со денешната испорака, од Кина досега во Србија пристигнаа вкупно три милиони дози вакцина Синофарм.

На почетокот на април 500.000 дози вакцини Синофарм пристигнаа во Србија, а исто толку кинески вакцини беа доставени во земјата на почетокот на март.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

26.04.2021 - 14:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега