Во Србија пристигна уште една пратка со вакцините на „Фајзер“
Нов контингент на вакцината „Фајзер-Бионтек“ пристигна денес во Србија.
Уште 16.380 дози вакцина против коронавирус пристигнаа во Институтот „Торлак“.
Како што вчера најави премиерката Ана Брнабиќ, во текот на неделата треба да пристигнат и нови дози на руската вакцина „спутник в“.
Србија вчера достигна два милиони вакцини.
Макфакс
15.03.2021 - 14:59
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа