Во Србија опаѓа бројот на позитивни на коронавирус- Кризниот штаб повторноо ќе се состане за да разгледа олеснување на мерките

 

Коронавирусот е потврден кај 1.987 лица во последните 24 часа, а од последиците на оваа болест починале 30 пациенти.

Тестирани се 11.657 лица. На апарати за дишење се приклучени 183 пациенти.

Вчера 8.956 граѓани биле тестирани за коронавирус во Србија, од кои 1.695 биле новозаразени. 31 пациент починал, а имало 202 пациенти на апарати за дишење во болниците низ Србија.

Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, изјави денеска дека во текот на денот ќе се состане со членовите на медицинскиот дел на Кризниот штаб, со цел да види дали може да има ново олеснување на мерките затоа што бројките се намалуваат.

Премиерката истакна дека е во секојдневен контакт со медицинскиот дел од штабот, со кој се консултира за епидемиолошката состојба.

Макфакс

 

 

 

Добивајте вести на Viber

26.04.2021 - 15:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега