Во Србија над 4.000 новозаразени, најмногу од хоспитализираните биле невакцинирани

Во изминатите 24 часа, Србија надминала 4.000 новозаразени со корона, на ден кога здравствените работници ја оценуваат ситуацијата како „тешка“ и предвидуваат влошување и апелираат што е можно повеќе луѓе да се вакцинираат.

Директорката на Клиничкиот центар на Србија (КЦС), Милица Ашанин, рече дека сегашната епидемиолошка слика во Србија е „тешка и има тенденција да се влошува“, илустрирајќи го тоа со податоците за инфекции и бројот на хоспитализирани во болниците.

Како резултат на инфекција, 19 луѓе починале меѓу вчера и денеска, а регистрирани се 4.103 нови случаи на инфекција меѓу 16.449 тестирани примероци, објави српското Министерство за здравство.

Повеќе од илјада и пол пациенти (1571 лице) се во болница, од кои 110 се на респиратор.

Од почетокот на епидемијата, извршени се над пет милиони тестови во Србија, регистрирани се вкупно 783.826 заразени со коронавирус, а 7.398 пациенти починале.

Во новиот епидемиски бран, клиничката слика на пациентите е многу потешка отколку во претходниот, а најмногу се работи за пациенти кои не се вакцинирани, рече директорот на КЦС Србија.

„Ситуацијата драматично се промени и во диспанзерите и во болниците во споредба со јули - кога во просек имавме околу 60 прегледи во клиниките за прием на Клиниката за инфективни болести, а сега има околу 190“, рече Ашанин.

Таа нагласи дека повеќето од примените пациенти не биле вакцинирани и апелира до граѓаните да примат една од четирите достапни вакцини.

Досега, Србија има нешто повеќе од 50 проценти вакцинирани кај општата популација, што се уште не е доволно за да се достигне нивото на колективен имунитет, потсети директорката на КЦС.

 

06.09.2021 - 18:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега