Во Србија како на филм: Ја пушти чешмата да тече, па со запалка ја запали водата (ВИДЕО)

Шокантна глетка е забележана во селото Стајчево во близина на Зрењанин, Србија каде се гледа како гори вода, па граѓаните во тој регион се загрижени.

Имено на Твитер се појави снимка на која се гледа маж како ја пушта чешмата да тече, а потоа со запалка ја пали.

На изненадување на сите водата почнува да гори, односно се појавува пламен што предизвика бурни реакции на социјалните мрежи. Коисниците на социјалните мрежи прашаа што се наоѓа во водата која ја пијат, а некои пак спомениваа плин, мета, арсен...

Патем, жителите на оваа област со години се борат со квалитетот на водата, иако забраната за употреба на вода за пиење од градскиот водовод беше укината во мај.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

06.10.2020 - 13:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега