Во Србија целосно вакцинирани 40 проценти од населението
Во Србија досега се дадени вкупно 5.058.165 дози вакцини против коронавирус. Првата доза ја примиле 2.673.634 лица, а 2.384.531 граѓани се вакцинирани со двете дози.
Процентот на вакцинирани во Србија е 44,34, додека 40,45 проценти од граѓаните се вакцинирани со две дози.
Досега во Белград се вакцинирани 52,3 проценти од луѓето, а двете дози ги примиле 48,4 проценти од граѓаните.
Епидемиолошката состојба во Србија е сѐ подобра, се намалува и бројот на заразени и бројот на починати.
Вчера во земјата се регистрирани 135 нови случаи на коронавирус, од 9.187 тестирани. 19 лица починале.
Макфакс
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа