Во скопската Зоолошка угина и царскиот орел спасен на Пониква
Повредениот и истоштен царски орел што пожарникарите од Доброволното Противпожарно Друштво од Кочани го однесоа во Зоолошката градина во Скопје заради негово згрижување и ветеринарен третман, откако пред четири дена го спасија од кров на викендичка на Пониква (05.08), за жал угина на ден 06.08, соопшти ДИЖС.
„Државниот Инспекторат за животна средина беше известен за случајот од страна на Македонското Еколошко Друштво, а комуницираше и со Управата на ЗОО Градина Скопје и ФВМ.
Угинатата птица веднаш по угинувањето била однесена на Факултетот за Ветеринарна Медицина-ФВМ при УКИМ, Скопје каде од страна на стручни лица-професори се врши обдукција за да се утврди точната причина за угинувањето.
Македонското Еколошко Друштво по добивањето на финалниот обдукциски извештај ќе изготви информација за јавноста по 12 август“, стои во соопштението од ДИЖС.
09.08.2024 - 11:29
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа