Во Скопје најмногу заразени со коронавирус - бројот во Чаир намален, Аеродром и Центар водат

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 387 тестирања, а регистрирани се 48 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-20, Куманово-3, Дебар-1, Прилеп-3, Тетово-1, Струмица-4, Кочани-9, Пробиштип-1, Пехчево-1, Виница-2, Делчево-1, Свети Николе-2. 

Во Скопје засега има најголем број на зарзени во однос на другите градови.

На почетокот на пандемијата општина Чаир беше на врвот по бројот на активни случиа, но сега Аеродром и Центар ја надминаа.

Активни случаи по општини Скопје денеска:

• Чаир – 57

• Гази Баба – 77

• Аеродром - 107

• Карпош – 86

• Центар – 97

• Кисела Вода – 78

• Ѓорче Петров – 52

• Бутел - 30

• Шуто Оризари – 17

• Студеничани – 9

• Сарај – 11

• Арачиново – 7

• Илинден – 28

• Сопиште – 2

• Чучер Сандево – 5

• Петровец – 7

• Зелениково - 2

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

28.09.2020 - 14:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега