„Во Северна Македонија за првпат се гласа три дена“ - Албанските медиуми за изборите во земјава

Албанските медуми, без исклучок отстапуваат простор за денешните вонредни парламентарни избори во Македонија, кои, како што посебно акценираат, се спроведуваат во услови на пандемија и минуваат без никаков проблем.

-Граѓаните на Северна Македонија според посебни протоколи денеска го остваруват граѓанското право да гласаат и да ги изберат новите пратеници во 120-члениот законодавен дом. Гласањето почна точно во 7:00 часот а завршува, за првпат, во 21:00 часот, поради актуелната епидемилошка состојба. Изборниот тек минува во фер и демократска атмосфера, пренесува Топ-чанел телевизија.

Медиумите наведуваат дека за првпат во земјата се гласа три наместо еден ден, посочувајќи при тоа и бројки на гласачи.

-Во Северна Македонија, каде изборите за првпат се спроведуваат три дена, почнаа во понеделникот со гласањето на заболените со Ковид-19 и оние во самоизолација, вчера гласаа болните, изнемоштените и осудените лица, додека денеска сите други граѓани, наведува агнецијата Балкан веб.

Телевизија Ора њуз, дава прглед на учесниците на изборите „15 политички партии и коалиции, а во трка за пратенички мандат се 1.578 кандидати. Од вкупниот број 675 или 42,78 отсто се жени додека 903 ил 57,22 отсто се мажи“.

Потсетува дека предвремените парламентарни избори требало да се одржат на 12 април, но „поради пандемијата тие се одложени и по многу разговори постигнат е договор меѓу политичките партии за 15 јули“.

Топ-чанел наведува дека Министерството за внатрешни работи има ангажирано околу 6.000 припадници кои се грижат за безбеден изборен процес.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.07.2020 - 15:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега