„Во секој живот би те одбрала тебе“ – Ванеса Брајант со емотивна порака за 42-иот роденден на Коби
Ванеса со срцепарателна порака, Nike со реклама, Ноле со емотивна илустрација, а Леброн со старо видео на кое пее – Како најблиските го одбележаа 23-ти август, денот на кој легендарниот кошаркар Коби Брајант би го прославил 42-иот роденден?
Во неделата, 23-ти август, Коби Брајант требаше да го прослави 42-иот роденден. Иако можеби кошаркарот не е со нас, неговите најблиски не дозволија овој ден да помине необележан.
Сопругата Ванеса му го честита роденденот со навистина емотивна порака:
„Среќен роденден. Те сакам и ми недостасуваш повеќе отколку што можам да опишам. Посакувам ти и Џиџи да бевте овде да прославите. Посакувам да ти ја направевме омилената храна или роденденската торта со Џиџи.
Ми недостасуваат твоите прегратки, твоите бакнежи, твојата длабока смеа.
Ми недостига да се шегувам со тебе и да правам да се смееш. Размислувам за твојата нежност и трпеливост цело време.
Размислувам за сè што би направил за да ми помогнеш во некоја ситуација. Ти благодарам што ми покажа што е вистинска љубов“.
Ванеса додава и дека се надева дека ќе се пробуди од овој кошмар и повторно ќе ги види Коби и Џиџи.
-Ти благодарам што ме сакаше доволно за неколку животи. Во секој живот би те одбрала тебе.
Наталија, Џиана, Бјанка Капри и јас и ти посакуваме среќен роденден љубов моја. Те сакам сега, засекогаш и секогаш, завршува нејзината објава.
Vanessa Bryant shares her birthday message for Kobe pic.twitter.com/MY4h1kVSBP
— The Association on FOX (@TheAssociation) August 23, 2020
И ќерката Наталија не штедеше на убави зборови за татко ѝ:
-Среќен роденден до најдобриот пријател за гледање филмови. Секогаш ќе ги помнам нашите возења до киното со отворени прозорци и како ги слушаме омилените песни, напиша таа на нејзиниот Instagram профил.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа