Во Прилеп досега се пријавиле за гласање шест позитивни на коронавирусот и пет граѓани во самоизолација

Шест позитивни на корона вирусот, пет граѓани во изолација и околу 90 хронично болни досега се пријавиле за гласање на парламентарните избори, соопштуваат од општинската изборна комисија во Прилеп.

Според Каролина Шукуроска, претседател на Општинската изборна комисија, граѓаните имаат можност да се пријавуваат до утревечер на полноќ.

– Ова не е конечната бројка. Очекуваме во текот на утрешниот ден да граѓаните да се изјаснат за гласањето на изборите, вели Шукуроска

Во моментов, во Прилеп се 53 активни случаи на корона вирусот, а во домашна изолација и во самоизолација се наоѓаат вкупно 82 лица. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

07.07.2020 - 18:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега