Close Menu
Press24
    Најново

    Во Порта Македонија се одбележуваат 75 години од Државниот архив

    01.04.2026 во 08:14

    Собранието ќе ја анализира ефикасноста на системот против семејно насилство

    01.04.2026 во 08:12

    Циклон над Македонија: Обилни врнежи, пад на температурите, снег и силен ветер

    01.04.2026 во 08:07
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Во Порта Македонија се одбележуваат 75 години од Државниот архив
    • Собранието ќе ја анализира ефикасноста на системот против семејно насилство
    • Циклон над Македонија: Обилни врнежи, пад на температурите, снег и силен ветер
    • Спас за економијата: Димитриеска-Кочоска и Азески договорија нов сет „таргетирани“ мерки за фирмите
    • Дете претепано од четворица малолетници во Центар
    • Сиљановска-Давкова: Ако гледаме низ призма на скрининг и реформи, би требало многу бргу да станеме членка на ЕУ
    • По смртта на 25-годишна девојка: Полицијата влезе во Ректоратот на Универзитетот во Белград
    • Манасиевски: Филипче со 3,6% рејтинг од граѓаните се уште ги слуша Башановиќ и Заев
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Во Порта Македонија се одбележуваат 75 години од Државниот архив

    Во Порта Македонија се одбележуваат 75 години од Државниот архив

    01.04.2026 во 08:142 Mins Read
    Принтскрин
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Државниот архив денеска одбележува 75 години од своето основање, јубилеј што ја истакнува неговата улога како чувар на македонското културно и историско наследство.

    Свеченоста ќе се одржи во Порта Македонија, каде се предвидени обраќања и доделување благодарници на долгогодишните поддржувачи и соработници на институцијата.

    Од Архивот посочуваат дека јубилејот е можност да се потсети на значењето на институцијата, не само како заштитник на архивската граѓа, туку и како важен фактор во градењето на колективната меморија и поврзувањето на минатото со иднината.

    Директорот Димитар Богески во изјава за МИА нагласува дека Архивот претставува столб на македонскиот идентитет и дека зачувувањето на архивското наследство е еден од клучните предизвици. Како најстар документ што се чува во Архивот го издвојува Евангелието на Лука од 12 век, пронајдено во фондот на охридското семејство Робеви.

    По повод јубилејот, најавени се повеќе активности, меѓу кои изложби, промоции на книги и архивски документи, со цел да се доближи богатото наследство до јавноста и да се афирмира неговото значење.

    Богески посочува дека институцијата се соочува и со сериозни предизвици, особено во делот на просторните услови, потребата од нови депоа, како и примената на современи методи за конзервација и реставрација на документите.

    Како еден од најважните процеси го издвојува дигитализирањето на архивската граѓа, што овозможува нејзина подобра заштита, но и поголема достапност за научно-истражувачки цели.

    Државниот архив е основан во 1951 година со указ на тогашната влада, а овој јубилеј претставува значаен потсетник за неговиот развој и за придонесот на генерациите што ја граделе и унапредувале архивската дејност во земјата.

    Популарно

    Во Порта Македонија се одбележуваат 75 години од Државниот архив

    01.04.2026 во 08:14

    Собранието ќе ја анализира ефикасноста на системот против семејно насилство

    01.04.2026 во 08:12

    Циклон над Македонија: Обилни врнежи, пад на температурите, снег и силен ветер

    01.04.2026 во 08:07

    Спас за економијата: Димитриеска-Кочоска и Азески договорија нов сет „таргетирани“ мерки за фирмите

    31.03.2026 во 16:09
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.