Во Панама запленети четити тони кокаин, уапсен гувернер од владеjачката партија

Повеќе од четири тони кокаин се запленети неделава во Панама во три одделни акции на полицијата, а во една од нив е уапсен гувернер од партијата на претседателот на државата.

Гувернерот на домородната зона во карипскиот регион, Ерик Иван Мартело, кој е назначен од претседателот Кортизо, е уапсен заедно со уште едно лице додека патувале со автомобил во кој имало 79 килограми кокаин, сокриен под седиштето.

Панама, преку која минуваат големи количества дрога од Колумбија на пат кон САД, минатата година го урна сопствениот годишен рекорд на заплена на дрога. Минатата година биле запленети 91 тон дрога, претежно кокаин.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.09.2020 - 22:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега