Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ја информира јавноста дека Владата на Република Северна Македонија донесе Одлука за утврдување на почетокот и завршувањето на летното сметање на времето во 2026 година, објавена во „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 58 од 19 март 2026 година.
Согласно донесената Одлука, летното сметање на времето започнува на 29 март 2026 година во 02:00 часот, со поместување на стрелките на часовникот за еден час нанапред, односно времето од 02:00 часот се смета како 03:00 часот.
Летното сметање на времето завршува на 25 октомври 2026 година во 03:00 часот, со поместување на стрелките на часовникот за еден час наназад, односно времето од 03:00 часот се смета како 02:00 часот.
Донесувањето на оваа Одлука е во согласност со утврдената годишна практика за регулирање на сметањето на времето, како и со обврските за усогласување со европската регулатива во оваа област.
- Скопје: 43-годишна жена пронајдена почината
- ВИДЕО: Погледнете како ќе изгледа реконструираниот охридски аеродром
- Иран ја погоди „тетивата“ на американската авијација: Уништен елитен E-3 Sentry
- Мицкоски: Очекуваме двоцифрен раст на патници на двата аеродрома
- Ужас во Англија: Автомобил влета во пешаци во Дерби, има повеќе повредени
- Николоски: Историска реконструкција на охридскиот аеродром
- Ново убиство ја потресе Македонија: Уапсени се 4 лица
- Од утре голем пресврт на времето: Интензивни врнежи дожд и снег на планините


