Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ја информира јавноста дека Владата на Република Северна Македонија донесе Одлука за утврдување на почетокот и завршувањето на летното сметање на времето во 2026 година, објавена во „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 58 од 19 март 2026 година.
Согласно донесената Одлука, летното сметање на времето започнува на 29 март 2026 година во 02:00 часот, со поместување на стрелките на часовникот за еден час нанапред, односно времето од 02:00 часот се смета како 03:00 часот.
Летното сметање на времето завршува на 25 октомври 2026 година во 03:00 часот, со поместување на стрелките на часовникот за еден час наназад, односно времето од 03:00 часот се смета како 02:00 часот.
Донесувањето на оваа Одлука е во согласност со утврдената годишна практика за регулирање на сметањето на времето, како и со обврските за усогласување со европската регулатива во оваа област.
- „Албански сојуз“ – Села најави формирање на нова политичка партија
- Хорор: Кумановец ја претепал сопругата и ѝ скршил три ребра, обвинителството бара притвор
- Скандал во ЈП „Национални шуми“: Државното дрво се делело без пари
- Вистински малер: Прилепчанец без возачка седнал зад волан, па се забил во полициско возило
- 40-годишен скопјанец починал на своето работно место во Кисела Вода
- Падна директор на основно училиште во Македонија: Делел менторски додатоци на наставници кои не се ментори
- Уште една несреќа ја потресе Македонија: Прегазено 11-годишно дете
- Шокантно: 13-годишник со „форд“ прегази дете во Скопје


