Зијадин Села става крај на неизвесноста по судската битка за Алијанса за Албанците. Во интервју за весникот „Лајм“, тој официјално потврди дека формира нов политички субјект под името „Албански сојуз“.

Оваа одлука доаѓа само една недела откако Основниот суд во Тетово пресече дека партиските печати на АА му припаѓаат на Арбен Таравари. Села порача дека „оставката и предавањето не се опција“ и дека каузата на Алијансата ќе продолжи низ новиот субјект со препознатливите национални бои.

„Не оставам ништо на случајноста. Јас ја создадов таа идеја и сега ја градиме новата партија. ‘Албански сојуз’ е веќе реалност и нема да се откажеме“, дециден е Села.

Exit mobile version