Во МВР се зголемува бројот на заболени со коронавирусот- Евидентирани се вкупно 92 активни случаи

 

За еден месец, во Министерството за внатрешни работи има пораст на бројот на заболени вработени од коронавирус. Евидентирани се вкупно 92 активни случаи, што е за 15 лица повеќе споредено со крајот на јуни минатиот месец, кога во министерството имаше 77 активни случаи. Неофицијално, најмногу заболени има во СВР Скопје со околу 30 вработени, пишува „а1он„.

Заболени, според неофицијални информации на „А1он“ има и во Одделот за гранични работи. Дел од нив се од  Регионалниот центар Југ и Регионалниот центар Север. Коронавирус е дијагностициран и во Одделот за граѓански работи, Одделот за општи и заеднички работи, Одделот за сузбивање на организиран криминал. Во останатите оддели, меѓу кои и Единицата за специјални задачи, за разлика од претходно кога имаше и по десетици заболени, сега бројот е намален до три активни случаи, а има и единици каде воопшто нема заразени со коронавирус.

Според статистиките кои се водат во МВР, во континуитет се намалува бројот на вработени кои поради контакт со лице веќе заболено со коронавирус, добиле решение за самоизолација. Минатиот месец во МВР изолирани беа 239 лица, а сега, активно решение имаат 191 вработен врз основа на епидемиолошката анкета направена од центрите за јавно здравје.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

23.07.2020 - 14:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега