Во Мексико почнува третата фаза на тестирање вакцини од Кина и САД

Мексико има договори со две кинески компании и една американска компанија за тестирање вакцини, изјави денеска министерот за надворешни работи на Мексико, Марчело Ебрард.

Мексико ќе учествува во тестирањето вакцини што ги развиле Јансен Фармасјутикалс (во сопственост на Џонсон и Џонсон) и кинеските компании Кансино Билоџикс и Валвак Биотехнолоџи, така што ќе се тестираат четири вакцини во земјата, објави Си Ен Ен.

 

– Имаме договори со три различни компании, една од САД и две од Кина, тоа е меморандум за разбирање, целта е протоколите за третата фаза да се одвиваат во Мексико, рече Ебрард.

– По оваа најава, Мексико ќе учествува во четири протоколи од септември до јануари, додаде тој.

Во јули, Ебрард објави дека Мексико ќе учествува во третата фаза од тестирање на вакцината против Ковид-19 на мексиканскиот огранок на француската фармацевтска компанија Санофи-Пастер.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

11.08.2020 - 22:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега