Во март 70,7 отсто од потрошената струја од домашно производство

Во март годинава вкупната потрошувачка по видови енергенти изнесува: 798 667 мегават часови електрична енергија, 44.740 милиони нормални метри кубни природен гас, 446 801 тон јаглен и 110 788 тони нафтени продукти, објави денеска Државниот завод за статистика.

Бруто-домашното производство на електрична енергија учествува со 70,7  проценти во бруто-домашната потрошувачка на електрична енергија, додека 97,2 проценти од вкупната потрошувачка на јаглен се употребени за производство на електрична енергија.

25.05.2022 - 13:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега