Во Македонија се активни 12.150 случаи со Ковид-19
Согласно последните информации на здравствените власти, бројот на активни случаи во земјата е 12.150 лица. Досега во земјата се направени вкупно 1.265.512 тестирање на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 188.635 бројката на оздравени пациенти е 169.946, на починати е 6.539.
Министерството за здравство информира дека согласно последните информации, од направени 3.632 тестирања, регистрирани се 526 нови случаи на КОВИД-19.
Починале 14 лица: 9 починати лица од Скопје (83г, 83г, 77г, 76г, 74г, 63г, 57г, 51г и 42г), 2 починати лица од Куманово (63г и 60г) и по едно починато лице од Велес (75г), Кратово (42г) и Кичево (42г). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.
Дополнително, согласно Регистерот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се уште 14 лица, со датум на смрт во период од 02.09.2021 до 17.09.2021 година. Овие починати лица се: 4 од Скопје, 2 од Струмица и по едно починато лице од Берово, Кочани, Гостивар, Радовиш, Куманово, Тетово, Охрид и Гевгелија. Починатите се на возраст од 37-92 години, од кои 7 лица починале во болнички услови, додека останатите 7 лица се починати во домашни услови.
24.09.2021 - 12:00
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа