Во контејнер пронајдена женска глава - син ја искасапил мајка си во Одеса по расправија

Украинската полиција уапси 38-годишен маж под сомнение дека на 30 мај ја убил мајка си, а потоа нејзиното тело го исекол на парчиња и ги фрлил во контејнери низ Одеса.

Грозоморниот случај бил откриен кога граѓанин пријавил дека пронашол женска глава во контејнер додека исфрлал ѓубре.

Полицијата набрзо пристигнала на местото на настанот, а потоа почнале да пристигнуваат извештаи дека се пронајдени и други делови од телото.

Набрзо било утврдено дека жртвата е 60-годишна Украинка, жителка на Одеса, според медиумите во регионот.

Според сомнежите нејзиниот син по расправија ја удрил неколку пати со секира, а кога таа беспомошна паднала на подот, ја задавил. После тоа, телото го одвлекол во бањата, каде го исекол телото на парчиња и ги спакувал во вреќи.

Потоа отишол дома и се вратил следниот ден за да ги отстрани деловите од телото.

Полицијата за неполни 24 часа успеала да го идентификува и уапси.

Доколку се докаже дека е виновен, му се заканува затворска казна до 15 години.

06.06.2023 - 15:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега