Во Хрватска откриен њујоршки вид на коронавирус - починал 40-годишник
На прес-конференцијата на Кризниот штаб е објавено дека во Хрватска е регистриран њујоршкиот вид на коронавирус и дека починало 40-годишно лице кое претходно немало здравствени проблеми.
Властите соопштија дека досега малку се знае за новиот вид што е регистриран.
„Малку знаеме за њујоршкиот вид. Првите вести започнаа да се појавуваат кон крајот на минатата недела. Она што досега го знаеме е дека тој е една од новите варијанти на вирусот што се шири побрзо од другите варијанти. Сите лица кои доаѓаат од Република Јужна Африка и Занзибар се предмет на истите мерки како и лицата кои доаѓаат од Велика Британија и Бразил. Што се однесува до другите африкански земји, важат истите правила, тие се трети земји за нас и мора да имаат 48-часовен негативен ПЦР-тест“, изјави член на Кризниот штаб, Крунослав Чапак.
Чапак рече дека претходно имале осум потврдени случаи на британскиот вид на коронавирус.
Макфакс
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа