Во Хрватска најлош ден од почеток на пандемијата- коронавирусот не стивнува, рекорден број на новозаразени
Националниот кризен штаб на Хрватска утрово објави дека во последните 24 часа има рекорден број новозаболени.
Во последните 24 часа евидентирани се 369 нови случаи на инфекција со вирусот САРС-КоВ-2, а бројот на активни случаи во Хрватска денес е вкупно 2634
Меѓу нив, 269 пациенти се во болница, од кои 15 се на апарати за дишење.
Три лица починаа. Од 25 февруари 2020 година, кога е регистриран првиот случај на инфекција во Хрватска, до денес се евидентирани вкупно 11.094 лица заразени со коронавирус, од кои 194 починаа, а 8.266 се опоравиле.
Во моментов има 8901 лице во самоизолација. До денес се тестирани вкупно 179.838 лица, од кои 4.492 во последните 24 часа .
Поради ваквата состојба , повеќето земји на ЕУ ја ставија Хрватска на црвената листа и од минатата недела им препорачаа на своите граѓани да не одат на одмор на хрватското крајбрежје. Голем број авиокомпании ги укинаа и редовните авионски линии до Хрватска.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа