Во фаталната несреќа ги изгубил ќерката и зетот - Го чекаат министерот Османи да дојде да им даде информации

Асим Селмани од скопско Количани, во фаталната автобуска несреќа која се случи вчера во Бугарија, ги загубил својата ќерка и зет.

Тој во изјава за медиумите кажа дека, во Бугарија дошле за да ги идентификуваат телата на загинатите, но се уште немале информации каде биле истите.

„Кај треба да ги чекаме ни ние не знаеме. Имаме информација дека не се тука. Само тие починатите каде се однесени не знаеме, чекаме министерот Бујар Османи да дојде да ни каже информации“, рече Селами.

ДНК материјал бил земен од син му во Скопје.

24.11.2021 - 11:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега