Во Битола се санираат последиците од вчерашното навреме

 Локалните јавни претпријатија во Битола во соработка со граѓаните денеска ги санираат последиците од вчерашното невреме што го погоди овој град.

Најпогодените локации во Битола ги посети градоначалничката Наташа Петровска и посочи дека Општина Битола ќе изврши обесштетување на семејствата кои претрпеле голема штета од поројниот дожд.

За жал во текот на вчерашниот ден, краткотрајно но сепак драматично, Општина Битола ја зафати невреме. Но, веднаш, по првите повици, јавните претпријатија и Пожарната делуваа на терен, одржавме Кризен штаб и дадовме насоки за делување. Во текот на целата ноќ се расчистуваа критичните точки на терен, а она што следува во текот на денот е расчистување и дезинфекција која е значајна во овие околности, истакна Петровска.

Екипите на битолските јавни претпријатија Водовод, Комуналец, Нискоградба и Паркинзи, заедно со екипите на ТППЕ Битола во координација со претставниците од Дирекцијата за зазштита и спасување и Центарот за управување со кризи, во текот на ноќта веднаш по обилните дождови реагираа во населбите Карпош, Јени Маале, на влезот во Битола М5 кај бензинската станица на Лук Оил, кружниот тек на Дулие, Горно Оризари, кај училиштето Тодор Ангелевски, на ул. „Дебарска“ во населбата Баир и на други локации по повик на граѓаните. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

05.07.2020 - 13:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега