Во Белгија уапсени 40 лица и запленети десетина милиони цигари

Белгиската царина уапси 40 лица, заплени десетици милиони фалсификувани цигари од нелегални производствени капацитети низ целата земја.

 

Според белгиското Министерство за финансии тоа е најголема акција во историјата на царината.

 

Запленетите цигарите главно биле наменети за британскиот и францускиот пазар, каде што акцизите за тие производи се повисоки.

Запленетите цигари биле лажно означени како Марлборо, Ричмонд, Принц и Реџина. Во 10 различни производствени погони откриени се тони преработен тутун, филтри за цигари, амбалажа и друго.

Минатиот месец, Европската канцеларија за борба против измама (ОЛАФ) ги поддржа шпанските и португалските власти во разбивањето на меѓународната криминална мрежа специјализирана за илегално производство и продажба на цигари. За време на операцијата Алекрин во Шпанија и во Португалија, беа извршени вкупно 125 претреси, при што беа уапсени 29 лица, а беа запленети повеќе од два милиони евра.

04.08.2021 - 23:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега