Во април ВМРО-ДПМНЕ со двојна предност пред СДСМ во „тројка“ и „четворка“
Останува големата предност на опозициската ВМРО-ДПМНЕ пред СДСМ во третата и четвртата изборна еденица и во месец април. Според анкетата на ИПИС објавена во емисијата Објектив на МРТ, во третата изборна единица ВМРО-ДПМНЕ име речиси двојна предност пред владеачката СДСМ, односно опозициската партија има доверба од 34,2%, а Социјалдемократскиот сојуз има доверба од 17,8% од испитаниците. По нив следат Левица со 4,7% и движењето ЗНАМ со 4,5% поддршка од анкетираните.
Во четвртата изборна единица во месец април ВМРО-ДПМНЕ ужива 32% рејтинг, а СДСМ 19,9%, додека пак Левица со 4,1% и движењето ЗНАМ со 3,7% исто така влегуваат во комбинација за евентуален влез на пратеници од оваа единица.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа