Во Албанија пристигнуваат 15.000 вакцини на „Фајзер“
Уште 15.000 вакцини против коронавирус на компанијата „Фајзер“ треба да пристигнат денес во Албанија, потврди министерката за здравство, Огерта Манастирулиу.
Таа додаде дека се очекуваат 14.400 вакцини на „Астразенека“, кои треба да пристигнат во следните 10 дена преку програмата Ковакс, објавија албанските медиуми.
„Ние сакаме да ја завршиме вакцинацијата на здравствените работници за кратко време, до втората недела од март, како и приоритетните групи на население, како што се оние над 80 години, по што ќе продолжиме со вакцинирање на други групи на луѓе“, рече албанската министерка за здравство.
Макфакс
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа