СВР Охрид ја известува јавноста дека деновиве, повторно зачестија случаи кога, засега непознати лица, преку телефонски јавувања на нивните фиксни или мобилни телефони, се обидуваат да ги измамат граѓаните, претставувајќи се како полициски инспектори.
Притоа, тие им кажуваат дека членови на нивните семејства направиле сообраќајни незгоди и дека треба итно да дадат пари за наводна помош при понатамошната постапка за членот на нивното семејство да не оди во затвор и да биде ослободен од кривичен прогон.
Aпелираме до граѓаните да не наседнуваат на ваквите телефонски јавувања и веднаш да ги пријават на телефонскиот број 112 или лично во најблиската полициска станица.
СВР Охрид презема мерки за пронаоѓање на сторителите и целосно расветлување И документирање на ваквите пријавени настани.
Актуелно
- Почнува новиот рок за студентски оброк: Аплицирањето трае само 5 дена, еве кој има право
- ОЈО изврши увид: Детали за убиството на турски државјанин во Старата скопска чаршија
- Мицкоски за Народниот правобранител: Ќе разговараме со партиите, тоа е услов од ЕК што мора да се реши
- Safe City дава резултат: Во декември ниту една жртва во сообраќајот во Скопје
- Мицкоски потврди: Во април ново линеарно покачување на пензиите
- Црн биланс на „најлудата ноќ“ во Скопје: Тепачки за паркинг, напад врз девојче, агресивен Германец и пожар во Гази Баба
- Црна Нова година: Убиство во Скопје – двегодишно дете се бори за живот по прострелна рана
- Бурна ноќ на Токсикологија: Меѓу 31 пијан пациент, дури 13 се малолетници – најмладото дете има само 14 години

