Граѓаните и превозниците кои патуваат низ Хрватска треба да бидат особено внимателни во однос на регистарските таблички на нивните возила, со цел да се избегнат високи казни и проблеми во сообраќајот или на границата.

Хрватскиот автомобилски клуб (ХАК) и судската пракса јасно укажуваат дека табличките мора да бидат поставени на пропишаното место и да бидат јасно видливи и читливи.

Кршењето на ова правило доведува до сериозни санкции:

  • Казна за возачот: 30 евра.
  • Казна за сопственикот и фирмата: Од 600 до 1.990 евра.

ХАК предупредува дека обидите за „заобиколување“ на камерите со отстранување или поместување на предната табличка не се прифатливи дури ни во судска постапка.

Клубот потсетува дека прекршок е и кога табличките се ненамерно нечитливи или извалкани. Сопственикот или правното лице се казнуваат, иако не биле зад воланот.

Како пример, во Загреб возач бил казнет затоа што ја поставил табличката возилото под шофершајбната, а не на пропишаното место, а судот ја отфрлил неговата одбрана. Сличен случај имало и во Пожега, каде занаетчија бил казнет поради задна табличка извалкана со кал на возило кое го управувал друг возач.

Exit mobile version