Внимавајте како паркирате: За една недела казнети 202 возачи

ЈП Паркинзи на Општина Центар и Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопјеза седум дена санкционираа 202 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.

 

 

 

Во периодот од 09.05. до 15.05.2022 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ на ЈП ПОЦ отстранети се 128 непрописно паркирани возила,а со поставување на механичко средство „Блокатор“ санкционирани се 74 возила кои биле затекнати во резидентни зони, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани.

 

 

 

ЈП ПОЦ и Општина Центар континуирано ќе ја спроведуваат оваа мерка и апелираат до граѓаните да ги почитуваат правилата и прописите и да ги оставаат своите возила само на пропишаните места за да им се овозможи на пешаците и велосипедистите нормално движење по тротоарите и велосипедските патеки, а на возилата безбедно движење по улиците.

ЈП Паркинзи на Општина Центар

 

 
17.05.2022 - 09:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега