Штип доби нов систем за одржување на сообраќајниот ред. ЈП „Стипион“ и официјално ја пушти во работа мобилната патрола опремена со најсовремена технологија за контрола на паркирањето. Општината набави две специјални возила со камери кои автоматски ќе читаат таблички и ќе проверуваат дали е платено за паркинг местото.
Главната цел на овој систем е да се исклучи „човечкиот фактор“ и да се оневозможи привилегираното непостапување.
„Со воведувањето на мобилната патрола се зголемува ефикасноста и целосно се отфрла можноста за селективна наплата или простување прекршоци“, соопштуваат од ЈП „Стипион“.
За почеток, граѓаните ќе добиваат само опомени како дел од периодот на прилагодување, но набрзо ќе следува целосна имплементација на санкциите за сите кои нема да ги почитуваат правилата.

