Грчките земјоделци ја радикализираат својата борба, а тоа ќе предизвика целосен сообраќаен колапс на граничните премини кон Македонија во наредните 48 часа. Патниците и транспортерите треба да бидат исклучително внимателни и да ги избегнуваат главните премини.

Распоред на затворање:

  • ГП Богородица – Евзони: Иако првично беше најавено затворање на пладне, најновите информации велат дека рампата се спушта во 17:00 часот по македонско време (18:00 по грчко). Блокадата ќе трае 48 часа и важи за сите видови возила (камиони, автомобили и автобуси).
  • ГП Меџитлија – Ники: Преминот е затворен за сообраќај уште од 10:00 часот изутрина. Според грчката агенција АНА-МПА, забраната важи за сите возила, но земјоделците најавиле дека периодично ќе пропуштаат возила, што сепак претставува голем ризик од чекање.
  • ГП Дојран: Ова е единствениот премин кој во моментов функционира непречено и каде што нема поставени блокади.

Освен кон Македонија, затворени ќе бидат и премините кон Бугарија, како и преминот Какавија кон Албанија. Во внатрешноста на Грција, ќе биде невозможно да се патува од Солун до Атина поради блокади на автопатот, но и на споредните патишта.

Exit mobile version