Внимание ученици: Награда од 3.000 денари за секој ученик на генерација

 

Градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски денеска оддржа средба со учениците од општинските основни училишта кои по претходна постапка беа избрани за ученици на генерација.
 
На сите избрани ученици на генерација, градоначалникот Стефковски им додели ваучери од 3000 денари. Оваа мерка се спроведува за прв пат во општина Гази Баба.
 
 
– Воведувањето на оваа мерка е мотивација но и признание за посветеноста на учениците за време на образовниот процес во основното образование. Секое основно училиште спроведе постапка согласно утврден правилник и избра првенец на генерација која оваа година го завршува основното образование.
Им оддавам признание и им честитам, вели градоначалникот Стефковски.
09.06.2022 - 11:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега