ВМРО тврди: Пред Велигден ќе бидат достапни сите лекови за болните од рак
Пред велигденските празници ќе бидат достапни сите лекови за онколошките пациенти во количини за наредните 12 месеци. Ова денеска го велат ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение за јавноста.
- СДС повторно шири лаги и манипулации. СДС се препознатливи единствено по неговата навика да користи чувствителни теми за да го има во медиумскиот простор, дури и по цена да бараат тема таму каде што нема. Лекови за сите онколошки болни пациенти ќе има. Како што веќе објаснија од надлежните институции, моменталниот недостаток на дел од терапијата за онколошките пациенти е поради промени во системот за јавни набавки и за недела дена, односно пред велигденските празници сите лекови ќе бидат достапни во стабилни количини за наредните 12 месеци. Оттука го повикуваме СДС да престане да шири паника, лаги и манипулации. Исто така, потсетуваме дека СДС е партија која ја води Венко Филипче, кој порано бил министер за здравство и кој е директно одговорен за наследената лоша состојбата во македонското здравство, велат од владејачката партија.
Велат, кога сме кај грижата на СДС, токму за ваквите пациенти болни од рак, само ќе повториме дека СДС е партија во чие време на владеење на онколошките пациенти наместо терапија им се даваше физиолошки раствор, а скапата терапија завршуваше на црниот пазар.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа