ВМРО-ДПМНЕ:Ковачевски и Груби не можат да убедат 10 свои пратеници да гласаат за уставни измени, паника во Владата

 

„Ковачевски и Груби не можат да убедат 10 свои пратеници да гласаат за уставни измени, паника во Владата.“- велат во своето соопштение од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

-Ковачевски не кажува дали 3 пратеници СДС од 1 и 2 изборна единица кажале дека нема да поддржат вакви уставни измени.

Ковачевски молчи и дали 6 пратеници од внатрешноста му кажале дека гласањето на уставните измени е најлошата работа која Владата може да ја направи.

Ковачевски знае дека нема поддршка за своите политики.

Во СДС има луѓе кои ја сакаат државата, и не се спремни на отстапките и лоши политики кои ги води врвот на партијата. Ковачевски го знае ова и затоа е голема и паниката.

Уште поголема е паниката, затоа што и еден пратеник на ДУИ побарал пари за да гласа за уставни измени.

Ковачевски и Груби се соочуваат со реалноста, ветија работи спротивни на народната волја, и сега ги гледаат последиците.- стои во соопштението.

25.03.2023 - 09:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега